Вие имате прво да ја знаете вистината

Апокалипстични слики од Русија: Наместо нови автомобили тие добиле целосно замрзнати автомобили (видео)

Бродот, кој што превезувал користени автомобили од Јапонија до Русија, впловил во пристаништето Владивосток со палубата покриена со мраз. Бидејќи тркалата на автомобилите се наоѓале на отворена површина, автомобилите биле целосно покриени со дебел слој мраз.

Иако сцената од фотографиите изгледа апокалиптично, ова не е толку ретка појава на далечниот север. Подмрзнувањето настанало поради влажниот морски ветер, брановите и температурата на воздухот под нулата, а бродот дополнително бил натоварен поради насобраниот мраз, што довело до зголемување на неговиот провев.

Ваквите временски услови можат да бидат многу опасни за пловилото, бидејќи поради промената на тежиштето, бродот може да се навалува, што го зголемува ризикот од превртување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!