Вие имате прво да ја знаете вистината

Банка им го подобри Божиќ за илјадници луѓе: По грешка им уплатиле дури 155 милиони евра на сметките

Десетици илјади луѓе на божиќното утро беа пречекани од неочекуван добродетел – банката Сантандер, која по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки.

Вработените во Сантандер сега брзаат да ги вратат парите, а оваа задача е тешка бидејќи голем дел од нив се уплатени на сметки во други банки, јавува во четвртокот Би-Би-Си.

Грешката настана кога два пати се извршиле уплати од 2000 деловни сметки.

Банката нагласи дека веќе започнала разговори со други банки – Barclays, HSBC, NatWest, Co-operative Bank и Virgin Money.

Сантандер рече дека банките „ќе гледаат да ги вратат парите од сметките на нивните клиенти“.

Сепак, не е јасно како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги потрошиле парите, бидејќи повлекувањето на средствата може да доведе до пречекорување на дозволениот минус.

Сантандер навести дека може директно да контактира со луѓето кои не би ги вратиле парите, пишува Би-Би-Си.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!