Британска компанија ги откажа возовите за Лондон затоа што премногу работници се разболеле од Ковид-19
Британската железничка компанија ги суспендираше сите директни возови до станицата Викторија во Лондон до 10 јануари затоа што нивните работници се разболеле од Ковид-19 или се во изолација.
„Southern Rail“ на Твитер објави дека нема да има директни возови до станицата Викторија во Лондон поради болест и изолација на персоналот, што ги нарушува плановите за луѓето кои патуваат со воз до работа од јужен Лондон и линиите кон југ.
Британија е погодена од нов бран наа пандемијата предизвикани од омикронската варијанта на коронавирусот. Таа објави рекордни 183.037 заразени во средата. Сите канцелариски работници работат од дома.
Иако се чини дека е помалку опасен, омикрон е многу заразен и компаниите ширум земјата имаат проблеми поради недостигот на персонал.
Од истите причини, американските авиокомпании мораа да откажат илјадници летови за Божиќ.