Вие имате прво да ја знаете вистината

Велика Британија обезбеди 105 милиони фунти за сиромашните држави како помош во борба против пандемијата со Ковид-19

Велика Британија најави дека ќе им помогне на ранливите нации, особено оние во Африка, со околу 105 милиони фунти, поради ширењето на видот омикронот. Британската влада најави дека парите ќе бидат пренасочени за мерки за намалување на преносот на новиот вид на вирусот Ковид-19, но и за зголемување на тестирањето и снабдувањето на болниците со кислород.

Британија обезбедува витална помош во борбата против ширењето на нови варијанти низ светот, изјави министерката за надворешни работи, Елизабет Трус, додавајќи дека е клучно за да се обезбеди слобода и еднаш засекогаш да се стави крај на оваа пандемија.

Велика Британија, заедно со другите богати земји, беше обвинета дека не придонесува за дистрибуција на залихи од вакцини против вирусот во посиромашните земји, што некои лекари го наведоа како еден од клучните чекори за запирање на новите варијанти на вирусот.

Заедно со другите богати земји, Британија е обвинета дека не прави доволно за да ги дистрибуира резервите на вакцини во посиромашните земји, што според некои научници е клучно за да се запре појавата на нови варијанти.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Велика Британија досега испорачала 30 милиони вакцини на остатокот од светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!