Вие имате прво да ја знаете вистината

Загуба од над шет милијарди евра: Омикрон остава тешки последици врз германската економија

Зајакнувањето на епидемиолошките мерки насочени кон борба против ширењето на вирусот Ковид-19 и новиот вид на вирусот, омикрон ќе има тешки последици за економијата, особено за угостителството и трговијата.

Институтот за германска економија (IW) проценува дека мерките ќе ја чинат таканаречената стационарна трговија околу шест милијарди евра месечно загубен промет. Имено, најголем дел од граѓаните ќе преминат на онлајн купување. Големи загуби се проценуваат и за во угостителството.

Доколку се зафати гастрономијата како на почетокот на оваа година, загубата на прометот може да изнесува повеќе од 10 милијарди евра во однос на нормална година, предупредува IW.

Вирусот Ковид-19 силно ја погоди германската економија, според Институтот, кој проценува дека се изгубени околу 335 милијарди евра од БДП, од кои 190 милијарди минатата година и 145 милијарди евра годинава.

И без новиот вид омикрон, експертите пресметаа дека економијата ќе претрпи загуби во износ од 35 милијарди евра во првиот квартал од следната година.

Новиот бран и ограничувањата ја зголемуваат загубата за дополнителни пет до 15 милијарди евра.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!