Вие имате прво да ја знаете вистината

Израелка со две матки родила близнаци: „Докторот за малку ќе се онесвестел на првиот преглед на бременоста“

Жена од Израел со две матки родила близнаци, по еден во секоја матка, објави во болницата Ичилов во Тел Авив.

Близнаците се сретнаа за прв пат дури по раѓањето.

Се верува дека жената е родена со двојна матка или матка диделфис.

Нејзиниот случај е уште поспецијален бидејќи и едната матка е поделена на средина, велат лекарите.

Бременоста со близнаци е исклучително ретка во такви околности и шансите се една во милион.

Лекарите внимателно ја следеле ризичната бременост на 31-годишната жена која родила близнаци со царски рез во 35-та недела.

Според болницата, мајката изјавила дека дознала за нејзината ретка здравствена состојба кога имала 20 години. Долго пред бременоста, таа се плашела дека „бебето ќе порасне во десната, помала матка“. Но, сè испадна поинаку.

“На првиот преглед на бременоста, лекарот за малку ќе се онесвестеше. Му требаа десет минути да ми каже дека имам ембрион во двете матки”, рече таа.

Бев многу загрижена за време на бременоста, додаде таа.

„Близнаците, момче и девојче, се слатки и одлични и сигурна сум дека ќе бидат најдобри брат и сестра и пријатели, иако штотуку се запознаа“, рекла мајката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!