Вие имате прво да ја знаете вистината

Илон Маск децидно ги негираше критиките: Не го попречуваме влезот во вселената на никој со сателитите на Старлинк

Американскиот милијардер и директор на компанијата Тесла, Илон Маск, ги отфрли тврдењата дека неговиот сателитски проект Старлинк зазема премногу простор во вселената.

Маск за британскиот култен весник „Financial Times“ изјави дека десетици милијарди сателити би можеле да бидат распоредени во орбитите во близина на Земјата.

Неговите коментари доаѓаат по тврдењето на шефот на Европската вселенска агенција (ESA) дека Маск ги создал правилата за комерцијалната вселенска индустрија.

Претходно оваа недела, Кина се пожали дека нејзината вселенска станица била принудена да избегне неколку блиски судири со сателитите Старлинк.

Универзумот е исклучително огромен, а сателитите се многу мали, изјави Маск во едно негово неодамнешно интервју.

Тој ги отфрли сугестиите дека неговиот проект Starlink Internet Services ефективно ги спречува конкурентите да влезат во сателитската индустрија, велејќи дека има доволно простор во орбитата на Земјата за сите сателити кои сакат да влезат.

Ова не е ситуација во која ние ефективно ги блокираме другите на кој било начин. Никого во ништо не блокиравме, изјави Маск.

Неколку илјади сателити не се ништо. Пример како, еве неколку илјади автомобили на Земјата, тоа не е ништо, додаде тој.

Извршниот директор на ESA, Јозеф Ашбахер, овој месец предупреди дека илјадниците комуникациски сателити лансирани од Старлинк ќе предизвикаат многу помалку простор за конкурентите.

Други експерти истакнаа дека се потребни многу поголеми растојанија помеѓу вселенските летала за да се избегнат судири.

Научниците, исто така, претходно изразија загриженост за ризикот од вселенски судири и ги повикаа светските влади да споделат информации за околу 30.000 сателити и други вселенски отпадоци кои орбитираат околу Земјата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!