Вие имате прво да ја знаете вистината

Италија воведува нови мерки во борбата против вирусот Ковид-19

Италијанската влада одлучи да воведе сертификати за вакцинација, односно да ги зголеми здравствените мерки за транспорт, хотели, ресторани, саеми, конференции, базени и спортски сали.

Оваа одлука на италијанската влада стапува на сила од 10 јануари. Досега беше доволно да се има основен здравствен сертификат за патување со воз или авион во Италија, која можеше да се добие со вакцинација, но и со негативен тест.

Патем, пропусницата за вакцинација, исто така наречена засилена здравствена пропусница во Италија, е достапна само со целосен циклус на вакцинација или по закрепнување од вирусот Ковид-19, а моментално е потребна за одредени професионални категории, како што се здравствениот и полицискиот персонал.

Италија во последните денови се соочува со зголемување на заразата. Речиси 100.000 новозаразени лица се регистрирани во средата

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!