Вие имате прво да ја знаете вистината

Легендариот германси фудбалер е вистински казанова: Поранешниот тренер на Партизан се остави и со својата петта сопруга!

Анастасија и Лотар Матеус останаа пријатели и по прекинот на навината врска, а за време на бракот добија и син.

Лотар Матеус, легендарниот германски фудбалер и тренер кој за прв пат го внесе Партизан во Лигата на шампионите, повторно е во центарот на вниманието на јавноста, но не поради фудбалот, туку приватниот живот. Имено, Матеус (60 г.) се разведе и од петтата негова сопруга Анастасија, откако претходно пропаднаа неговите бракови со Силвија, Лолита, Маријана Матеус и Лилијана.

Германскиот стратег и неговата 27-годишна избраничка решија да стават точка на бракот уште во јануари, но веста за разводот беше сега објавена во јавноста. Интересно е тоа што тие двајца се што правеле истото го правеле во тајност и практично никој не знаел дека се разведуваат, особено што во јуни го прославиле нејзиниот роденден, а во септември биле на една заедничка свадба.

На крајот на краиштата, Анастасија и Лотар останаа пријатели, а за време на бракот добија и син.

Во еден момент сфативме дека нашите интереси отидоа во друга насока. Таа не сакаше да пере валкани дресови или алишта. Се друго се приватни детали кои никого не засегаат. Немаше кавга, лутина или други партнери. Добро се согласуваме и се уште сме во пријателски односи. Најважно е дека нашиот син се снаоѓа добро, изјавил Матеус за најтиражниот германски таблоид Билд.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!