Вие имате прво да ја знаете вистината

Ликот кој што ги навредуваше и понижуваше Србите по верска и национална основа пуштен на слобода! Истиот ќе биде кривично гонет од Данска

Вишото јавно обвинителство во Белград ќе и го предаде на Данска кривичното гонење против државјанинот на Данска, Сулејман Имамовиќ (58 г.), кој пред еден ден ги навредуваше србите и се закануваше во авионот поради вонредното слетување на авионот на белградскиот аеродром Никола Тесла.

Имамовиќ, кој претходно беше сослушан во обвинителството, е ослободен бидејќи му е укинат притворот, соопштија од обвинителството за медиумите. Случајот ќе биде предаден на Кралството Данска за понатамошна постапка, имајќи предвид дека се работи за лице кое е со данско државјанство и со тоа се обезбедува почитување на принципите на интегритет и економичност на постапката, потенцира обвинителството.

Инцидентот се случи минатиот ден околу полноќ во патничкиот авион на компанијата Визер кој што летал на релација Билунд (Данска) – Тузла (БиХ), а кој принудно слетал на белградскиот аеродром. 

Имамовиќ е обвинет за извршување расна и друга дискриминација и загрозување на безбедноста на воздушниот или поморскиот сообраќај како и фиксната платформа. Тој поради слетувањето на авионот во Белград ги навредувал, пцуел и им се заканувал на присутните во авионот на национална и верска основа, заканувајќи се дури и дека ќе го урне авионот и ќе ги убие себеси и сопругата

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!