Вие имате прво да ја знаете вистината

Морничава сцена во зоолошка градина: Тигар одгризал рака на вработен и се шетал со неа

Во зоолошката градина во градот Неапол, во американската сојузна држава Флорида, полицијата застрела тигар откако му одгризал рака на вработен, јавува Би-би-си.

Осумгодишниот Еко, кој припаѓа на редок, загрозен вид малајски тигар, бил забележан како во устата ја носи отсечената рака на еден од вработените. Заменикот шериф се обидел да го натера животното да му ја пушти раката, но не успеал и морал да посегне по пиштолот.

Полицајците рекоа дека 20-годишниот чистач премногу се доближил до тигарот и со раката поминал низ оградата за да го гали или нахрани. Имено, се покажало дека повредениот работел во фирма ангажирана од зоолошката градина, а негова обврска била да ги чисти тоалетите и просторот на продавницата за сувенири, но не и прифатилиштето за животни. Тигарот му нанел сериозни повреди на 20-годишниот чистач и тој е пренесен во болница.

Откако тигарот бил застрелан, тој се повлекол во задниот дел од својот дом, каде подоцна починал под седација.

Еко живее во оваа зоолошка градина од почетокот на 2020 година, а е купена како дел од кампањата за спасување диви тигри. Имено, малајските тигри се критично загрозен вид, а според Светскиот фонд за заштита на природата, во дивината останале помалку од 200 единки од тој вид.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!