Вие имате прво да ја знаете вистината

НАСА: Телескопот Џејмс Веб ќе опстане многу подолго од планираното (видео)

Фамозниот телескоп Џејмс Веб на вселенската агенвија НАСА го помина првиот свиок, откако американската вселенска агенција објави дека ќе трае „многу подолго“ отколку што првично се мислеше и беше планирано.

Се испостави дека телескопот ќе има доволно гориво за да ги поддржи научните операции за многу подолг период отколку што првично се мислеше, соопшти НАСА,.

Џејмс Веб беше лансиран од Француска Гвајана минатата недела.

Телескопот вреден 10 милијарди долари беше лансиран на ракетата Ариана-5 и се смета за еден од најголемите научни потфати во 21 век. Беа потребни 30 години за да се дизајнира и изгради овој телескоп.

Мисијата на Џејмс Веб е да се надоврзе на откритијата на вселенскиот телескоп Хабл, кој по 31 година во орбитата е при крај и пред згаснување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!