Вие имате прво да ја знаете вистината

Најмладиот повреден за време на експлозија во Белград има само 20 години, детали за немилиот настан во Србија (фото)

Страшна експлозија се случила на улицата Омладински бригада во Нов Белград, кога експлодирала боца со плин. За време на овој инцидент имало тројца повредени.

Пламените јазици зафатиле три згради, па испратени се дополнителни сили на терен односно противпожарно возило и цистерна заедно со скала од ВСЈ Звездара со екипа од 12 пожарникари.

Како што информираат балканските медиуми, од Брзата помош, екипите брзо излегле на местото на настанот, неколку возила биле испратени во Нов Белград, а во вечерашната експлозија на плинската боца, како што соопштија, се повредени три лица.

Повредени се работникот Ненад Р. (20 г.), келнерот Никола Б. (25г.) и келнерката Тамара К.(26г.).

Од експлозијата се оштетени неколку возила помеѓу кои автомобил марка Пежо и автомобил марка Ауди.

Изгорен е целосен објект а додека останатиот дел од конструкцијата пожарот е локализиран.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!