Вие имате прво да ја знаете вистината

Неверојатна случка во Мексико: Семејството го погребало човекот а тој неколку часа подоцна им заѕвонил на врата

Неверојатна и несекојдневна работа доживеало едно семејство од Мексико. Како на филмовите, на прагот од домот се појавил 62-годишниот Лауренсио Армендариз, а неговото семејство било шокирано бидејќи мислеле дека штотуку го закопале во гроб.

Имено, Армендариз работел далеку од својата куќа, а потоа наеднаш му се губи секаква трага. Семејството ја известило полицијата која го пронашла телото на мажот. Надлежните служби направиле голема грешка. Наместо да го утврдат идентитетот на починатиот според сите протоколи, тие стапиле во контакт со семејството Армендариз и ги известиле дека го пронајделе мртов.

Откако го пронашле телото во близина на местото каде што тој работел, полицијата без дејствија утврдила дека се работи за лицето по кое трагало. Лицето имало слични карактеристики. Семејството забележало некои разлики кај починатиот, но депресивните членови на семејството Армендариз биле убедени дека тоа е сосема нормално. Семејството на Армендариз го организирало погребот на 21 декември, а само еден час подоцна тој се појави на вратата од својот дом.

Требаше да се види тоа. Тие беа ужасни а воедно и изненадени кога дојдов дома среде ноќ, изјавил Лауренсио.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!