Вие имате прво да ја знаете вистината

Нова стратегија на рускиот претседател! Владимир Путин полека го освојува и свемирот!

Џиновската ракета Ангара А-5, долга речиси 65 метри и тешка 761 тон, и официјално ги однесе воените сателити во вселената.

Русија, на чело со претседателот, Владимир Путин, продолжи да ја освојува вселената по најголемата ракета лансирана од распадот на Советскиот Сојуз пред 30 години! Станува збор за ракетата Ангара А-5, долга речиси 65 метри и тешка дури 761 тон, која беше лансирана за космодромот Плестсек на северот на Русија.

Ракетата го добила името по сибирската река која потекнува од Бајкалското Езеро. Се верува и зборува дека со оваа ракета во вселената биле испратени воени сателити, а како што истакнуваат медиумите лансирањето било извршено во екот на тензиите околу Украина.

Експертите предвидуваат дека универзумот би можел да биде нов фронт каде ќе се одлучува за победникот во идните воени конфликти. Лансирањето било извршено дури и откако руските власти го споредија НАТО со Вермахтот, војската на нацистичка Германија од Втората светска војна. 

Москва смета дека кризата околу Украина може да се спореди со кубанската ракетна криза од 1962 година, кога светот беше на работ на нуклеарна војна. Вселенската програма на Русија заслужува почит. Првиот сателит беше лансиран во далечната 1957 година, а првиот човек кој што беше испратен во вселената од Русија е во 1961 година.

Сепак, по распадот на СССР во 1991 година, оваа програма остана на цедило поради големата корупција и технолошките неуспеси. Претходно рускиот претседател Путин најави дека лансирањето на ракетата ќе ја оживее руската вселенска индустрија и ќе ја намали нејзината зависност од поранешните советски републики. 

Русија со децении го најавува лансирањето на ракетата од космодромот Бајконур во Казахстан. Сите подготвителни операции, како и самото лансирање поминаа без проблеми, соопштија од Министерството за одбрана на Русија.

Овој потег наиде на силна осуда од Соединетите Американски Држави и нивните западни сојузници, кои протестираа бидејќи експлозијата оставила повеќе од 1.500 остатоци кои им се закануваат на другите сателити во вселената.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!