Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови мерки во Грција: Нема бустер доза, Ковид сертификатот со важност од седум месеци

Актуелните сертификати за вакцинација што ги издава грчката влада на граѓаните би можеле да траат до седум месеци доколку носителот на сертификатот не добие бустер доза, изјави денеска министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.

Тој за една грчка национална телевизија изјави дека одлуката е речиси донесена, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат познати по Нова година.

Во моментов, лицата постари од 60 години задолжително се обврзани да ја примаат бустер вакцината, потсетува грчкиот портал Катимерини.

Воедно, министерот изјави дека Владата размислува да ја прошири задолжителната вакцинација за лицата постари од 50 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!