Вие имате прво да ја знаете вистината

Позната манекенка „уловена“ целосно не средена, без шминка и растурена коса (фото)

Поранешниот супермодел Синди Крафорд (55 г.)  неодамна беше „уловена“ од папараците на одмор во ексклузивното мексиканско одморалиште Кабо Сан Лукас.

Синди уживаше со коктел на хотелскиот базен и пливаше во црно минијатурно бикини, покажувајќи го затегнатиот стомак и згодните нозе како и нејзината витката фигура.

Синди се шетала без шминка и коса и била видно растурена, но сепак таа повторно изгледаше одлично. Тоа е резултат на редовно вежбање и умерената и здрава исхрана, а познато е дека избегнува леб, тестенини, ориз и преработена храна.

Мислам дека најважно е да се грижите за вашето тело и ум, за вашите односи и да имате пријатели со кои можете да се смеете, изјави таа во едно нејзино неодамнешно интервју.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!