Вие имате прво да ја знаете вистината

Позната новата работа на Себастијан Курц: Заминува во САД да работи во тесниот круг на Доналд Трамп !?

Поранешниот австриски канцелар, Себастијан Курц, ќе гради кариера надвор од политиката, како што претходно беше познато, тој ќе работи во САД, а сега се знае и кај кого ќе работи, тој ќе работи кај советникот и донаторот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, милијардерот Питер Тил.

Така наречениот „политички вундеркинг“ ќе почне да работи како глобален стратег во компанијата Тил Капитал во првиот квартал на следната година.

Американскиот инвеститор Питер Тил е републиканец и го поддржува поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Во финансискиот свет Тил се здоби со репутација како инвеститор во компанијата Фејсбук, но и ко-основач на онлајн платформата за плаќање Paypal.

Неговиот имот се проценува на неколку милијарди долари. Компанијата на Тил е со седиште во Силиконската долина.

Курц и Тил, кој има германско потекло, се познаваат со години и важат за блиски пријатели.

Најмладиот шеф на владата во Европа овој месец целосно се повлече од австриската политика, откако против него беше покрената истрага поради корупција и поткуп.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!