Вие имате прво да ја знаете вистината

Познат индетитетот на патникот кој што ја навредуваше цела српска нација во авионот кој што поради технички причини слета во Белград!

Осомничениот бил приведен од страна на граничната полиција на аеродромот Никола Тесла во Белград.

Данскиот државјанин, Сулејман Имамовиќ (58 г.), кој вербално навредувал и се заканувал поради вонредното слетување на авионот на белградскиот аеродром Никола Тесла, добил мерка притвор до 24 часа според Законот за прекршоци пренесуваат соседните медиуми.

Осомничениот бил приведен од граничната полиција на аеродромот Никола Тесла, за настанот е информиран и дежурниот обвинител кој изјавил дека нема елементи на кривично дело и дека против лицето треба да биде поднесена прекршочна пријава.

На лицето, Имамовиќ, му е одредена казна, мерка притвор по Законот за прекршоци до 24 часа, по што ќе биде предаден на судијата за прекршоци.

За потсетување, авионот на унгарската авиокомпанија, кој синоќа околу полноќ летал на релација Билунд-Тузла, слетал на аеродромот Никола Тесла поради лошите временски услови во Тузла.

На истиот лет во авионот имало вербални навреди и закани од државјанинот на Данска, Сулејман Имамовиќ.

Еб** ти п***** мајч*** српска, еба* м ти мајка во уста Србинка, еба* м ти мајка балинец што ме носиш во Србија, ќе го урнам авионот ќе се убијам со жена ми, биле зборовите кој што ги извикувал, Имамовиќ, очигледно незадоволен што тој и неговото семејство слетале во Србија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!