Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот менаџер на Кардашјанови пронајден мртов во гепек на автомобил. Холивудската јавност во шок!

На 55-годишна возраст почина Анѓела Кукавски, поранешен бизнис менаџер на фамилијата Кардашијанс, кој исто така работеше со познатата раперка, Ники Минаж.

Причината за смртта е наводното убиство а инцидентот се случил во Калифорнија на 22 декември.

Полицијата во Лос Анџелес уапсила 49-годишен маж, идентификуван како Џејсон Баркер, кој е приведен со кауција од 2 милиони долари.

Според локалниот извештај, жената била пронајдена мртва во багажникот на автомобил паркиран во долината Сими, северно од Лос Анџелес.

Извори потврдуваат дека се работи за Ангела Кукавски. Полицискиот оддел на долината Сими и ЛАПД уапсија осомничен за убиство, кој се чини дека го пренел телото од Ван Ница во домот на роднина во раните утрински часови на 23-ти декември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!