Вие имате прво да ја знаете вистината

Рома ја прекина продажбата на билети за натпреварите на домашен терен

Фудбалската екипа на Рома ја прекина продажбата на билети за следните три натпревари кои ги игра на Олимпико. Клубот од Рим се одлучи на овој потег како мерка на претпазливост поради проблемот со пандемијата на вирусот Ковид-19.

Така Рома ќе ја прекине продажбата на билетите за натпреварите на кои ги пречекува Јувентус, Каљари и Лече. Инаку, ваквата одлука на Рома доаѓа во време кога италијанската влада е неодлучна за ограничување на бројот на гледачи на стадионите. 

Италијанските медиуми објавија дека планот е да се намали дозволениот капацитет на стадионите низ земјата на 50 отсто. Италија се бори со пандемија, а вчера имаше скоро 100.000 новозаразени за само 24 часа.

Што се однесува до Рома, „Волчицата“ во моментов е на 6-тата позиција на табелата во лигата со 32 освоени бода.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!