Вие имате прво да ја знаете вистината

Сашо Мијалков славеше во Динстрикт Бар, “Дедо Мраз” оваа година му донесе најголемо “пакетче” (видео)

Сашо Мијалков го славеше пуштањето во домашен притвор во Динстрикт барот на хотелот Мериот, во присуство на семејството, најблиските роднини и пријателите. Во десет дена Сашо Мијалков по втор пат доби преиначување на казната и во иднина следење на судските процеси против него од домашен притвор.

Тука се поставува прашањето толку ли е моќен Мијалков за да може да биде посилен од државата и да обезбеди со хипотека од 11 милиони евра пуштање од притворското одделение од Шутка или сепак некој Дедо Мраз му ја исполнил новогодишната желба!?

Се ова се случува во еден меѓупростор кога премиерот во заминување слави и се простува од своите политички пријатели по скопските кафани, а новиот премиер го доби мандадот за составување нова влада токму на денот кога Мијалков е пуштен од притвор. Лесно може да се случи ослободувањето од притвор на Мијалков да е така темпирано државата да има премиер во одење, новиот премиер да не е одговорен бидејќи не влегол во зградата на Илинденска, а можеби да има и нов министер за правда ( никој не знае каков кабинет ќе понуди Димитар Ковачевски ) и во таква бестежинска состојба и сите невини и Мијалков надвор од Шутка.

Тоа го отвара прашањето дали е ова реализација на некаков стар договор на Заев или Заеви и Мијалков или Мојалкови кој беше нарушен со првичната пресуда за 12 годишна затворска казна за Мијалков, на која предходеше негово изчезнување од државата или од дофатот на органите на власта во рок од 48 часа оваа пролет и тоа токму кога т.н. Мериот коалиција требаше да направи Конгрес за смена на лидерството во ВМРО ДПМНЕ.

Излегувањето на Мијалков значи нова состојба на политичката сцена, а целата анализа што де факто се случи и ќе се случува ќе можете да ја погледате во емисијата Во Центар на следниот линк:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!