Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагедија: Се урна хеликоптер кој гасеше шумски пожари

Двајца членови на екипажот загинаа минатиот ден кога се урна хеликоптер кој гаснеше шумски пожар во регионот Патагонија на југот на Аргентина, јавија локалните медиуми.

Авионот, кој владата го изнајми за да се бори со пожарот, се урнал во областа на езерото Квиљен, во провинцијата Неквен.

Повеќе од 200 пожарникари и десетина авиони гаснеа пожари во националниот парк Нахел Хуапи и други делови на Патагонија, место познато по шумите, езерата и планините, објави локалниот весник Насион.

Сојузниот совет за заштита на животната средина и Министерството за животна средина прогласија вонредна состојба во областа поради пожарот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!