Вие имате прво да ја знаете вистината

Уставниот суд годинава решил 173 предмети, укинал пет законски одредби

Досега во оваа година примени се 148 предмети, а решени се 173 предмети, што значи се работеле и останати предмети од изминатите години, информира претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешната прес-конференција.

За споредба, како што појасни, имало години кога не бил совладан приливот на предмети при што биле примени поголем број на предмети од што биле решени, а тоа, како што посочи, било случај во 2017, 2019 и 2020 година.

Најголем дел од новопримените предмети оваа година, информира Кацарска, се однесуваат на оценка на уставноста или законитоста, десет се барања за заштита на човековите права и слободи. Поведени се 13 постапки по кои се донесени четири одлуки за укинување, а девет предмети се уште се во постапка.

– Уставниот суд годинава одржа 37 седници. Споредбено со 2020 е за две седници повеќе или 2021 пандемиска година биле одржани поголем број седници отколку во годините пред пандемиајта. Оваа година Уставниот суд укина пет законски одредби и тоа: одредба од законот за аудиовизуелни медиумски услуги, одредба од закон за градење, дел од закон за семејство, одредба од закон за комплементарна и алтернативна медицина и одредба од законот за банки, како и четири други прописи и тоа: правилник на Министерство за одбрана, одлука за ДУП на Општина Центар, правилник за стоматологија, и одлука за донесување ДУП на Општина Карпош, информира Кацарска.

Во текот на 2021 година, додаде, решени се 14 барања за заштита на слободите и правата на граѓаните, а по четири барања се одржале јавни расправи што исто така било реткост во годините претходно.

– Волјата за ажурно и квалитативно унапредување на работата на судот се согледува и од фактот дека последнтие две години беа одржани вкупно осум подготвителни седници кои не биле одржани воопшто од 2013 до 20202 година, ниту една цели седум години. Се работи за аседници на кои биле разгледувани спорни рпашања за рпедмети кои имаат општествено значење. Подготвителни седдници за законот за употреба на јазиците, закон за Преспаснкиот договор, закон за Јавното обвинителство, за попис на населението. Уставниот суд одлучуваше и по закони кои беа оспорени, а се важни за граѓаните и од стратешко значење за држава – како закон за банки, закон за стратешки партнер за коридор 8 и 10…, соопшти Кацарска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!