Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција во паника: Од утре сите граѓани и туристи во таа држава ќе мора да носат задолжително маска секаде!

Жителите на Париз и туристите кои ќе го посетат овој град од утре ќе мора да носат задолжително маски и на отворено, бидејќи Франција се соочува со зголемување на заразените со вирусот Ковид-19 предизвикани од видот омикрон.

Париската полиција објави дека правилото за носење маски ќе важи за лица постари од 12 години, а правилото ќе ги исклучи лицата кои возат велосипеди и моторцикли, кои се во автомобили или вежбаат на отворено.

Оние кои нема да го почитуваат ова ново правило ќе се соочат со казна од 135 евра.

Во Франција маските веќе се задолжителни во продавниците, јавните објекти, деловните згради, како и во јавниот превоз.

Претходно оваа недела, француската влада објави мерки за борба против ширењето на вирусот Ковид-19, а државата вчера регистрира рекордни 208.000 нови случаи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!