Вие имате прво да ја знаете вистината

Цеца се присеќава на најмрачните денови од нејзиниот живот: Ме уапсија пред очите на децата, бев во самица 30 дена и друштво ми правеа бубашвабите!

Светлана Цеца Ражнатовиќ беше уапсена и спроведена во Централниот затвор во Србија во 2003 година, во рамките на акцијата Сабја. Таа поминала три месеци во самица, а додека била зад решетките постојано размислувала за децата, што повеќе и преставувало товар.

Пејачката откри низ какво искушение поминувало нејзиното семејство во тие денови и со што се соочувала таа.

Во мојата куќа упаднаа речиси 150 полицајци. Немаше потреба од тоа, можеа да ме поканат да дојдам во станица! Тие го спроведоа сето тоа пред мојата Анастасија, ми вперија долги цефки во главата. Таа имаше само четири години. Додека се случуваше сето ова мислев само на неа и на Вељко. За среќа, моите родители успеаја да ги спречат да слушаат лаги за мене. Анастасија и Вељко со години веруваа дека сум бил на турнеја низ Америка тие 121 ден, изјавила Цеца која се сеќава на својата прва ноќ во затворот.

Беше страшно, не можев да затворам очи, само плачев. Триесет дена бев во самица, без право на посета, менза, адвокати и сонце. Друштво ми правеа бубашвабите. Во ќелијата имаше кревет, маса и клупа, а на ѕидовите беа испишани стихови од моите песни. Се сеќавам кога го видов тоа, си помислив: Боже, каква иронија! После еден месец добив цимер, па имав со кого да разговарам и да плачам. Моите деца ја преживеаја голгота поради Сабја. Откако излегов од затвор, секој ден ги запираше интервенционер и ги вадеше од автомобилот. Синот Вељко не можеше да се запише во ниту едно училиште! Според законот, детето задолжително треба да заврши предучилишна возраст, а му дале документ дека нема право да се врати кај другарите, бидејќи мајка му била уапсена во Сабја. Тоа е дискриминација, се присеќава балканската ѕвезда.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!