Вие имате прво да ја знаете вистината

Што и да допре тој претвора во злато! Најплатениот спортист за оваа година нема ниту една победа а заработува 73.138 долари во секунда!

Доколку мислите дека фудбалерите заработуваат најмногу, тешко ќе бидете излажани.

Секако дека европскиот фудбал, НБА лигата, Формула 1, американскиот НФЛ фудбал, тенисот и други многу познати спортови носат добри приходи, но сите се надминати од еден Ирец!

Станува збор за ММА мајсторот Конор МекГрегор. Ирецот во 2021 година претрпе два порази, од кои еден беше беше многу болен за него односно со нокаут од Дастин Поарие, но тоа не му пречеше да заработи 180 милиони долари за една година! Според листата на американскиот магазин Форбс, тој е спортистот со најголема заработка во 2021 година.

Интересно е што Конор во две борби и поминати вкупно 752 секунди во рингот, односно нешто повеќе од 12 минути заработил 55 милиони долари! Со понатамошна пресметка доаѓаме до точка дека МекГрегор заработува 73.138 долари во секунда! 

Ова се бројките за кои може само да сонуваат Лионел Меси, Леброн Џејмс, Новак Ѓоковиќ, Макс Ферстапен и другите звучни имиња од спортот. МекГрегор ги зеде преостанатите 180 милиони од реклами и од својот приватен бизнис. МекГрегор, како и секој Ирец, дел од својот живот му посветува на вискито, па од 2018 година го произведува своето виски Proper 12. Неговото виски го рекламираат познати личности како Жозе Мурињо или Џастин Бибер.

МекГрегор во април годинава го продаде својот бренд на американска компанија за 150 милиони долари.

Ирецот доби дополнителни пари и од рекламирање на познати брендови. Така, тој зема пари за една реклама од 5 милиони долари за една спортска марка, а добива и 8 милиони долари од рекламирање енергетски пијалоци, мобилни оператори и слични работи. Сè на сè, што и да допре тој истото го претвора во злато.

Втор по заработка е фудбалерот, Лионел Меси, со заработка од 130 милиони долари, трет е Кристијано Роналдо со 120 милиони. Следен на листата е Дак Прескот со 107,5 милиони, петти е еден од најдобрите кошаркари во светот, Леброн Џејмс кој стигна „само“ до 96,5 милиони. Нејмар е шести со 95 милиони, а седми Роџер Федерер со 90 милиони. На осмото место е Луис Хамилтон со 82 милиони, Том Брејди е деветти со 76 милиони, а Кевин Дурант ја заклучува првата десетка со 75 милиони.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!