Вие имате прво да ја знаете вистината

Јанша: Поради Словенија повторно на маса во ЕУ се врати терминот „перспектива за членство“

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, тврди дека Словенија за време на своето претседавање со Советот на ЕУ успеала повторно да го воведе поимот перспектива за членство во Европската интеграција за земјите од Балканот како и земјите од истокот на Европа.

Еден од стратешките успеси е што го вративме проширувањето на маса како еден од клучните стратешки проекти на ЕУ. Но, тоа бараше многу дискусии, изјави Јанша, додавајќи:

Доколку ЕУ не се прошири, тогаш некој друг ќе се прошири. Многупати во овие дебати кажав дека по се што доживеавме на Исток и она што го видовме на Балканот во последните децении, треба да биде јасно дека ЕУ мора да се прошири, а со тоа да го прошири просторот на слобода и просперитет. 

Словенечкиот премиер наведува дека, според него, некои од старите членки и основачи на ЕУ биле против враќањето на терминот „перспектива за членство“ во евроинтеграциите, а еден европски лидер го прашал зошто ги воведува во ЕУ кога тие се поевтини.јачина, изјавил Јанша

Тој изјави и дека на средбите во Брисел, наместо „европска перспектива“ во документите на Европската унија успеал да го врати терминот „перспектива за членство“. 

Украина, или Србија, имаат европска перспектива затоа што се во Европа и секогаш ќе останат таму, но ја сакаат и перспективата за членство, беше тешко да се пишува во документите и за тоа мораше да се бори. Посебно има многу опортунизам кога се работи за Западен Балкан, изјави Јанша.

Словенечкиот премиер наведува дека, според него, некои од старите членки и основачи на ЕУ биле против враќањето на терминот „перспектива за членство“ во евроинтеграциите, а еден европски лидер го прашал зошто ги воведува тој термин, изјави Јанша.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!