Вие имате прво да ја знаете вистината

Англија во шок, еден од најдобрите играчи на Сити претепан и ограбен во својот дом, го објави своето “унакажано” лице (фото)

Фудбалерот на Манчестер Сити Жоао Консело доцна синоќа објави дека бил нападнат од четири лица кои упаднале во неговиот дом, украле накит и се обиделе да му наштетат на неговото семејство.

Португалскиот дефанзивец на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа расекотина над десното око.

За жал, денес бев нападнат од четворица кукавици кои се обидоа да ми наштетат мене и моето семејство. Кога ќе се спротивставите, ова се случува. Тие успеаја да го украдат целиот накит и да ме остават со вакво лице, напиша Консело, алудирајќи на повредите кои ги има.

Не знам како има толку гнасни луѓе. Најважно ми е семејството и за среќа сите се добро. После толку многу препреки во животот, ова е само уште една што ќе ја надминам. Мирно и цврсто како и секогаш, додаде тој.

Во својата објава, Кансело не прецизираше каде се случил нападот, но Сити подоцна даде повеќе детали за инцидентот.

Шокирани сме и згрозени што Жоао Кансело и неговото семејство беа цел на грабеж во нивниот дом и за тоа време Жоао беше нападнат. Клубот го поддржува Жоао и неговото семејство и и помага на полицијата во истрагата, објави Сити.

Консело пристигна во Манчестер Сити од Јувентус во август 2019 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!