Вие имате прво да ја знаете вистината

Вирусологот кој го откри омикрон: Ќе биде невозможно да се избегне заразата со овој сој

Јужноафриканскиот виролог Волфганг Прајсер, кој прв ја откри омикронската варијанта, денеска предупреди на нејзината многу заразна природа.

„Со оваа варијанта ќе биде речиси невозможно да се избегне инфекција“, вели Прајсер за ДВ.

Вирологот беше „претпазлив оптимист“ во врска со остриот пад на бројот на случаи во Јужна Африка, една од земјите за прв пат погодени од новата варијанта.

„Можеби омикрон е малку помалку вирулентен од претходните соеви. Но, сепак гледаме пациенти кои умираат поради тоа“, рече Прајзер.

„Ковид сè уште не станал вирус на настинка“

Омикрон првпат беше регистриран во ноември во Јужна Африка и оттогаш брзо се шири низ светот, предизвикувајќи рекорден број на нови инфекции во неколку европски земји, вклучително и Франција, каде што бројот на заразени дневно надмина 200.000.

Иако првичните извештаи сугерираат дека омикрон може да има поблаги симптоми од претходните соеви на ковид 19, експертите предупредуваат дека зголемувањето на бројот на случаи може да доведе до преоптоварување на здравствените системи.

„Ковид сè уште не станал вирус на настинка. Можеби работите се движат во таа насока, тоа би било добра вест. Но, лошата вест е дека ќе биде речиси невозможно да се избегне инфекција со оваа варијанта“, рече Прајсер.

„Видовме колку брзо се шири бројот на нови случаи и колку брзо расте. Можно е мнозинството од населението да биде заразено со омикрон во следните неколку месеци“, додаде тој.

Прајсер наведува дека во Јужна Африка, како и сега во Европа и САД, по појавата на омикрон, има нагло зголемување на бројот на пациенти, но дека тоа не е придружено со подеднакво зголемување на бројот на хоспитализирани.

Загрижени сме дека околу празниците ќе имаме рекорден број сериозни случаи во болницата, бидејќи почна на крајот на ноември. За среќа, бројот на нови пациенти опаѓа, а стапката на хоспитализација значително заостанува, рече вирологот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!