Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Европа беснее епидемија која нема никаква врска со Ковидот: „Не се гледа крајот!“

Европа се соочува со најлошата епидемија на птичји грип досега, според истражувачки институт на германската влада.

Во моментов се соочуваме со најсилната епидемија на птичји грип досега во Германија и Европа, соопшти Институтот Фридрих Лофлер (ФЛИ), федерален институт за истражување на здравјето на животните во Германија.

Секојдневно се откриваат нови случаи и не се зафатени само дивите птици, велат од Институтот.

Не се гледа крај – погодените земји се протегаат од Финска до Фарските Острови и Ирска, од Русија до Португалија, велат од Институтот.

Случаи се пронајдени и во Канада, Индија и Источна Азија.

Само во Германија, 394 случаи биле откриени кај диви птици, вклучувајќи патки, гуски, лебеди и галеби, помеѓу почетокот на октомври и 29-ти декември. Случаите беа откриени првенствено долж брегот.

FLI, исто така, забележа 46 случаи на германски живинарски фарми.

Во истата временска рамка низ Европа, податоците на FLI покажаа 675 инфекции кај дивите птици и 534 инфекции кај добитокот.

Дополнителни случаи се пријавени кај цицачи оваа година, на пример кај црвените лисици во Холандија и Финска, сивите фоки во Шведска, пристанишните фоки во Германија и видрите во Финска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!