Вие имате прво да ја знаете вистината

ДАЧИЌ ЈА заПЕЕал „КАЉИНКА“ СО ШОЈГУ И ЛАВРОВ и Ги откри музичките способности на неговите руски колеги

Претседателот на српското Народното собрание, Ивица Дачиќ, беше домаќин на рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко, кој во опуштен разговор откри засега непознати детали, меѓу кои и дека Дачиќ сака да пее и да танцува, како и со кого од руските политичари му било најголем мерак да се фати за микрофонот.

Најмногу се дружев со Сергеј Шојгу (руски министер за одбрана) и Сергеј Лавров (руски министер за надворешни работи), изјави Дачиќ.

На прашањето со кого најмногу сака да пее, Дачиќ без двоумење откри дека и двајцата имаат добри пејачки способности и додаде дека Лавров ја напишал и химната, додека Шојгу е повеќе во џез стил.

И двајцата добро пеат. Лавров пее повеќе, а Шојгу е специјализиран за Подмосковски вечери во џез форма. Интересно е што Лавров пишува песни, тој ја напиша химната на руското МНР, рече Дачиќ.

Познато е дека нивната соработка е многу успешна, до тој степен што нивните средби често преминуваат во дружење каде Дачиќ редовно пее, вели дека без две песни радоста не може да помине, а амбасадорот Харченко го пофали за убавото пеење.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!