Вие имате прво да ја знаете вистината

ДОКОЛКУ БУГАРИЈА НЕ ГО тргне ВЕТОТО, ЌЕ има ХАОС НА БАЛКАНОТ: Албанија ќе бара одвојување од Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека доколку Бугарија продолжи да и става вето на Македонија во следните шест месеци, Албанија ќе бара одвојување на Тирана од Скопје и нивно самостојно продолжување на патот за отворање на преговорите за интеграција на земјата во ЕУ.

Рама изјави дека Албанија е во апсурдна ситуација поради блокадата на Македонија од Бугарија.

Побаравме мислење од граѓаните дали ќе поддржат нов пристап кон нашата надворешна политика. Што значи дека ако на крајот на француското владеење, односно првите шест месеци од следната година, Бугарија реши да стави вето, ќе почнеме да бараме одвојување од Северна Македонија. Тоа е тешка одлука од стратешки карактер, рече Рама, а пренесува порталот Косово онлајн.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!