Вие имате прво да ја знаете вистината

Имам во главата четири кандидати: Се повлекувам, можеби се зажелив да бидам обичен човек, Вучиќ со драматично обраќање

Десет години сум на чело на партијата, а до мај ќе бидам таму. Мислам дека е доволно, во главата веќе имам четири кандидати за наследник, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ .

Време е за нови луѓе, 10 години сум на нејзиното чело. Се повлекувам затоа што не сакам ништо да загрозувам пред тоа и победата на партијата на изборите, рече Вучиќ.

На забелешката дека човек со таков рејтинг кој е околу 70 отсто не е логично да замине од политиката, вели „логично ми е“.

Би се изненадиле ако кажете дека и јас имам некоја топлина и емоции, понекогаш и јас сум човек, си велам можам ова, а не можам ова. Не сум бил на море ниту еден ден, можеби сакав да бидам нормален, обичен човек, вели Вучиќ.

Зборувајќи за напуштање на политиката, тој вели дека можеби би сакал да не го носи товарот на овој свет, па ни партискиот.

Да речам карајте се, не мора да ве смирувам, да видам што прави ќерка ми, да го однесам син ми на џудо, кошарка, големиот не ме “шиша” два отсто, вели Вучиќ.

Како што изјави „Дадов се, се борев за државата, за партијата“

За државата ќе се дадам повеќе – рече Вучиќ.

Запрашан дали можеби ќе се врати на премиерската функција , Вучиќ рече дека не е многу сигурен во тоа сценарио.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!