Вие имате прво да ја знаете вистината

Мистериозно доаѓање на оскаровецот во Хрватска: Кевин Спејси ќе го глуми Фрањо Туѓман во филмот на Јаков Седлар?

Двојниот оскаровец Кевин Спејси вчера вечер слета на загрепскиот аеродром Фрањо Туѓман. Тој во Загреб дојде во друштво на својот агент Хуан Ловенштајн, а на терминалот го пречекаа режисерите Јаков и Доминик Седлар со кои ќе ги помине новогодишните празници.

Седлар рече дека ќе разговара со Спејси за неколку заеднички филмски проекти на кои планира да соработува.

Информацијата дека Спејси ќе дојде во Загреб со денови се ширише во кулуарите, а на крај тоа го потврди и самиот Седлар. Имено, тој моментално работи на проект кој се уште не е снимен во Хрватска. Тој се подготвува да снима филм за првиот хрватски претседател д-р Фрањо Туѓман , а во него треба да глуми Спејси.

Како што пишува Јутарњи лист Спејси треба да го глуми ликот на претседателот Туѓман.

Седлар пред неколку дена потврди дека преговорите со познатиот актер се во тек. Така на 29 декември замина во Париз каде почнаа преговорите, а вчера Спејси пристигна во Загреб каде треба да остане извесно време. Но, се уште не е официјално потврдено дека Седлар и Спејси постигнале договор за снимање.

Често разговараме на телефон, си ги честитаме празниците. Кевин ми се јави пред еден месец и ми кажа дека сака да дојде во Хрватска ова лето, но деловните обврски и пандемијата го спречија во тоа. Ме праша каде ќе прославете Новата година, каква е ситуацијата со коронавирусот во Хрватска и дали ќе има дочек. Му реков дека во Хрватска се уште има корона, но дека ќе има дочек и дека би сакал да дојде, на што кратко ми одговори: Се гледаме, рече Седлар.

Тој додава дека ќе се обиде да биде добар домаќин на својот холивудски гостин.

Јаков и неговиот син Доминик Седлар имаат блиско пријателство со Кевин Спејси, кое започна во Лос Анџелес пред дванаесет години, кога Мартин Шин, холивудски актер кој го играше Јуре Зовко во филмот на Седлар, Богородица од 1990 година, ги запозна во неговата вила.

Во друштво на Седлар, Спејси ќе помине неколку дена во Загреб.

Сепак, ова не е прв пат да ја посети Хрватска. Тој пред 13 години по Сараевскиот филмски фестивал престојувал на јадранскиот брег, па папараците го уловија на забава во Дубровник и Хвар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!