Вие имате прво да ја знаете вистината

Милијарди луѓе во светот ја прославуваат втората Нова година со рестрикции и заклучувања за кОВИД

Милијарди луѓе ширум светот ќе ја прослават 2022 година, втората Нова година , обележана со ограничувања поради коронавирусот. Ќе бидат потребни 26 часа помеѓу 10 часот наутро во петок и 12 часот наутро во сабота за да заѕвони целиот свет во Новата година

Прославата започнува во островската држава Самоа, а потоа оди преку Австралија, Азија до Европа, Јужна Америка, источниот брег на САД, Калифорнија, Хаваи и до ненаселените острови Бејкер и островот Хауланд во Пацификот.

Многу големи забави и огномети се откажани ширум светот, вклучувајќи ги Лондон и Париз. На други места, прославите се значително намалени, вклучително и настаните во Мадрид и Рио, пренесоа агенциите.

Нема да има голем огномет на Бранденбуршката порта и забава со стотици илјади луѓе во Берлин. Сепак, јавната телевизија ЗДФ планира да понуди шоу со пејачки како Бони Тајлер и Маријана Розенберг.

Во Сиднеј повторно требаше да се одржи огромен огномет со гледачи, но оние кои сакаа да го доживеат во живо мораа да купат билет за една од околу 30-те места за гледање.

Традиционалната новогодишна ноќ ќе се одржи во Њујорк на Тајмс Сквер, но сите посетители мора да бидат вакцинирани против ковид-19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!