Вие имате прво да ја знаете вистината

На 1 јануари 2022 година на планетата ќе живеат 7,8 милијарди луѓе

На 1 јануари 2022 година на Земјата ќе живеат 7,8 милијарди луѓе, што е зголемување на популацијата на планетата за 74 милиони или 0,9 отсто во однос на 1 јануари годинава, покажуваат податоците од проекцијата објавена од американското Биро за попис на население.

Се очекува наредната година секоја секунда да има 4,3 раѓања и два смртни случаи.

Населението на САД годинава е зголемено за речиси 707.000, па се очекува на 1 јануари во таа земја да живеат 332,4 милиони луѓе.

Почнувајќи од Нова година, се очекува на секои девет секунди да се раѓа по едно бебе во САД, на секои 11 секунди да умира по едно лице, а на секои 130 секунди да се раѓа по едно бебе од меѓународната мигрантска популација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!