Вие имате прво да ја знаете вистината

Оставен пред вратата на еден манастир, родителите никогаш не ги запозна, децата го нарекуваа Квазимодо, а тој трпеше и солза не пушти

Животната приказна на прославениот француски фудбалер е идеална за сценарио на холивудски блокбастер.

Многу познати спортисти имаа исклучително тешки животни приказни, а онаа за Франк Рибери ќе ги насолзи очите на многумина.

Одличниот напаѓач никогаш не ги запознал своите биолошки родители, напиша британски Сан. Имено, тој бил оставен како бебе пред вратата на еден манастир во Франција.

Имал само две години кога доживеал страшна сообраќајна несреќа. Заработил лузна која му го одбележала целиот живот. Имаше дури 100 конци на лицето, раната беше морничава.

Беше отфрлен, исмејуван, понижуван… поради таа лузна, но таа го зајакна, му ја зголеми издржливоста.

Тоа ми даде карактер и сила, затоа што кога си дете и имаш таква лузна не е лесно. Начинот на кој те гледаат, коментарите. Страдав поради тоа. Луѓето велеа „погледнете го неговото лице, погледнете му ја главата „Каде и да одев луѓето зјапаа во мене, но не затоа што сум добар фудбалер, туку затоа што ме гледаа поради лузната“, изјави тој во интервју за.

Децата знаат да бидат многу сурови. Го викаа Квазимодо, Скарфејс, Франкенштајн. Се бранеше како знаеше, понекогаш и со тупаници. Му било тешко, но смета дека тоа искуство го направило маж.

Тешко ми беше. На училиште ме исмејуваа, зборуваа за мене… Но, иако ме задеваа, никогаш не се повлеков и не плачев. Никогаш, никогаш, но страдав. Многу ми пречеше, но јас гневот ми го насочив да играм фудбал.Без тие лузни би бил нормално момче и поради нив сега имам извонреден карактер и волја. Кога ќе се сетам на се се гордеам со она низ што сум поминал. Не беше лесно, но затоа го сакам своето лице и мојот живот денес, изјави едно интервју Рибери.

Францускиот напаѓач направи фантастична кариера и покрај тешкото детство. Судбината сакаше да помине низ многу трнлив пат до врвот. Растејќи често правел проблеми, но се се променило кога ја запознал сопругата Вахибу Белхами, поради што ја сменил верата и преминал во ислам.

Се запознав со неа кога имав 16 години, живеевме на истата улица. Се заљубив на прв поглед.

Вахиба има алжирско потекло, Френк поради неа преминал во ислам и го зел муслиманското име Билал Јусуф Мохамед.

По лошата епизода во фудбалската школа на Лил, Рибери се мачеше во третолигашот Алес. Среќата подоцна ја најде во Брест. Доаѓањето во тој клуб беше првиот чекор во неговиот неверојатен подем – Мец, Галатасарај, Марсеј, па Баерн.

За еден обичен обожавател, Рибери беше доказ дека обичен мал човек може да стане еден од најдобрите на светот. Тој стана херој на нацијата. Сепак, идилата не траеше долго. Поради лошите игри во репрезентацијата беше на мета на навивачите. Тој брзо се претвори од херој во лошо момче …

Следуваше скандал со малолетна проститутка. Имено, Захија Дехар се најде на насловните страници во 2010 година кога откри дека двајца познати француски репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема и платиле за сексуални услуги, а сега таа оди на црвениот тепих.

Таа во моментот на скандалот со фудбалерите се уште била малолетна. Захија признала дека плачела половина година подоцна бидејќи се протекло во јавноста, но ја искористила славата.

Да потсетиме, фудбалерите беа ослободени од обвинението дека подведувале малолетничка, бидејќи не знаеле колку години има. Захија ги излажала дека е полнолетна, а на еден од фудбалерите му била роденденски подарок и за тоа добила 700 евра.

2010 беше ужасна година за мене. Нема ни да ги спомнам повредите со кои се соочив. И во мојот приватен и во фудбалски живот залутав. Се изгубив и ги повредив луѓето што ми беа блиски. Разочарав многумина, дури и шокирав и сакам да се извинам за тоа, изјави Рибери.

Поради повредата го пропушти Светското првенство во Бразил во 2014 година и потоа се прости од репрезентацијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!