Вие имате прво да ја знаете вистината

Уред на Амазон препорача на девојче да предизвика струен удар

„Паметниот“ звучник на Амазон, Алекса, препорача на десетгодишно девојче да учествува во опасен предизвик, односно да предизвика струен удар.

Мајката на девојчето Кристин Ливдал го објасни предизвикот: „Полначот на телефонот се става до половина во штекерот. Потоа треба да ставите паричка на делот од полначот што останал надвор“. Таа објасни дека си играла со нејзината ќерка, исполнувајќи забавни предизвици и дека оваа задача била шокантна.

– Веднаш викнав: „Не, Алекса, не!“ Но, знам дека не би ѝ паднало на памет на ќерка ми да се обиде да направи нешто вакво, рече таа.

Амазон соопшти дека го избришал предизвикот од базата на податоци.

„Довербата на клиентите е наш приоритет број еден, а Алекса е дизајнирана да обезбедува точни, релевантни и корисни информации. Штом ја сфативме грешката, ги презедовме сите неопходни мерки за да го решиме проблемот“, се вели во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!