Вие имате прво да ја знаете вистината

Ја напуштија Јапонија како Хонди и Тојоти, а стигнаа во Владивосток како смрзната риба на минус 19 (видео,фото)

Јапонскиот брод Сан Рио стана голема ѕвезда во светските медиуми.

На патување од Јапонија до руското пристаниште Владивосток, брод полн со половни автомобили се нашол во екстремни услови на големи бранови, ветер и температури далеку под нулата.

Капетанот потврдил дека поминале низ несреќа, но на крајот се завршило без проблем и Сан Рио мирно вплови во руското пристаниште. Проблемот настанал при истоварот бидејќи автомобилите биле целосно замрзнати, а пристанишните работници немале воопшто лесна работа.

Колите ги одмрзнувале со разни помагала, но целата работа ја завршиле рутински без никакви потешкотии.

Спектакуларни сцени ги интересираа и локалните жители кои побрзаа да ги снимат феноменалните апокалиптични кадри.

Тешко е да се препознае кои автомобили ги превезувал Sun Rio бидејќи дебел слој мраз целосно ги маскирал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!