Вие имате прво да ја знаете вистината

Ја силуваше ќерката 3000 пати, има 7 деца со неа, Цел свет беше шокиран од злосторството на таткото монструм, а сега само уште еден чекор го дели од слободата

По психолошкото вештачење треба да се одлучи дали Австрија ќе го ослободи Јозеф Фрицл кој 24 години ја држел ќерка си заробена во подрумска зандана и со неа имал неколку деца, пишува Дејли Мејл.

Фрицл (86) ја држел својата ќерка Елизабета затворена во звучно изолирана зандана под семејната куќа во Австрија, ја силувал повеќе од 3.000 пати и таа родила седум деца помеѓу 1984 и 2008 година.

Нејзината голгота конечно заврши во април 2008 година, кога нивната болна ќерка, тинејџерката Керстин, мораше да оди во болница. Фрицл беше затворен на 19 март 2009 година.

Фрицл издржува доживотна затворска казна, но би можел да добие барање за предвремено ослободување во 2024 година, доколку се утврди дека повеќе не е опасност и затоа што дотогаш ќе одлежи 15 години затвор за неговите злосторства.

Ако му дозволат да излезе од затвор, во затвор ќе помине речиси десет години помалку отколку што ја држел ќерка си во заробеништво.

На почетокот на оваа година, Регионалниот суд на Кремс во Долна Австрија одлучи да го префрли Фрицл од специјалната единица за ментално растроени затвореници во редовен затвор.

Тоа, пак, би значело дека по отслужување на 15 години од казната, може да поднесе барање за предвремено ослободување.

Но, државното обвинителство се спротивстави на планот и веднаш поднесе жалба на одлуката.

Сега, Високиот регионален суд го презеде случајот и назначи вештак за да ја утврди психијатриската и невролошката состојба на Фрицл по повеќе од 10 години затвор, од кои повеќето ги помина одделен од другите затвореници.

Доколку експертот открие некакви абнормалности, Фрицл ќе мора да остане во затворскиот систем и нема да има право да бара предвремено ослободување.

Меѓутоа, ако експертот процени дека 86-годишникот е со „здрав разум“, тогаш еден од најозлогласените европски криминалци би можел да биде ослободен од затвор веќе во 2024 година.

Потпретседателот на Регионалниот суд во Кремс, Фердинанд Шустер изјави дека мислењето на експертот се очекува до крајот на јануари, иако шансите Фрицл да биде прогласен за психички здрав, а судиите да му дадат слобода се многу мали.

Покрај грозоморните злосторства што ги правеше над својата ќерка 24 години, во 2019 година беше објавено дека тогаш 84-годишниот Фрицл покажува знаци на деменција и дека неговото ментално здравје се влошува.

Се вели дека бил крајно непопуларен кај другите затвореници во затворот Кремс-Штајн и дека поголемиот дел од своето време го поминувал во самица.

Во меѓувреме, Елизабет Фрицл немала никаков контакт со нејзиниот татко откако тој бил затворен и живее под ново име во непознат дел на Австрија со деца зачнати за време на децениското брутално силување извршено од нејзиниот татко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!