Вие имате прво да ја знаете вистината

Во верското светилиште во Кашмир се случи стампедо, загинаа најмалку 12 лица (видео)

Најмалку 12 верници загинаа, а повеќе од десет се повредени во стампедо во хинду храм во индиски Кашмир во саботата наутро, соопшти полицијата.

Дванаесет верници загинаа, а 14 се повредени во стампедо рано изутрината во храмот Мата Ваишно Деви, изјави високиот полициски службеник Мукеш Синг.

Сите повредени се хоспитализирани, додаде тој.

Стампедото дошло кога толпата луѓе кои дошле да го прослават доаѓањето на новата година влегле во светилиштето.

„Исклучително тажен поради загубата на животи во стампедото“, се вели во пораката со сочувство од премиерот Нарендра Моди.

Покрената е истрага за да се утврди како дошло до несреќата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!