Вие имате прво да ја знаете вистината

Драгана Мирковиќ колабирала и завршила на кислород по новогодишниот настап на Златибор!?

Пејачката Драгана Мирковиќ , по синоќешниот настап на Златибор, каде на новогодишната ноќ ги забавуваше гостите во свечената сала таму, наводно завршила во болница, пишуваат белградските портали.

Според извор на Пинк, пејачката наводно колабирала, па отишла во болница да прими инфузија, а накратко била поврзана со кислород.

Драгана даде се од себе да биде на врвот на задачата и да ги израдува сите гости. Направила атмосфера за паметење, но во еден момент и се слошило, па морала да ја посети болницата во Ужице, каде поради колапсот била приклучена на инфузија и кислород, за да си ја врати силата – открил извор запознаен со случајот.

Инаку, Драгана пред седум часа на својот Инстаграм профил најави реприза на дочекот и настап на плоштадот во Ќуприја.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!