Вие имате прво да ја знаете вистината

Се гореше од нејзините облини за Нова Година! Карлеуша на дочекот носеше 3 комбинации, а не се знае во која изгледаше побрутално (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша настапи на новогодишната ноќ пред околу 20.000 луѓе кои во екстаза го следеа нејзиниот настап пред Народното собрание во Белград.

Јелена посебно се потрудила за оваа пригода, па за Нова година сменила дури три костими и со својот изглед и настап направи хаос на сцената.

Настапот започна со песната „Just Left“. Карлеуша се појави во кристален костим, а градите ги прекри само со ѕвезди.

Карлеуша за вториот блок од песната се пресоблече во црвена комбинација и ја пушти косата, облечена во бунда преку провокативен костим.

Подоцна ЈК ја облече својата трета комбинација за најубава ноќ, па блесна во златна боја и ги откри затегнатите нозе.

Прв пат пеам пред Собрание во мојот град. Слушам дека го срушивме рекордот, дека никогаш немало повеќе луѓе. Да бидеме среќни, да имаме пари, да ја имаме короната зад нас, да бидеме сакани и да љубиме, да пееме, да бидеме долго насмеани. Дека сте среќни, заљубени, среќни, ми се исполни најголемата животна желба, ви благодарам што влеговме заедно во Новата година. Горда сум на Белград, ние сме центарот на светот вечерва – рече Јелена и на сите им ја честиташе Новата година.

На Карлеуша на сцената и се придружија трубачи, а таа ги изведе своите стари хитови. Во публиката беа забележани нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ. Да потсетиме, пред Јелена пред Собранието пееја Марија Шерифовиќ и Сара Јовановиќ, а нејзиниот настап го следеше и водителката Јована Јеремиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!