Вие имате прво да ја знаете вистината

Војската окупираше училиште во близина на демаркационата линија: „Во тек е опремување на позицијата и доведување сили“

Вооружените сили на Украина ги опремуваат огнените позиции во селското училиште што го окупираа во близина на демаркационата линија во Донбас.

Ова го изјави портпаролот на Народната милиција на самопрогласената Луганска народна република, Иван Филипоненко, пренесува „Спутник“.

„Според податоците на жителите на селото Валујско, распоредувањето на штабот на тактичката единица на националистите и опремувањето на огнените позиции во училниците на селското училиште од таа населба, кое на 27 декември беше окупирано од украинските националисти продолжи во последните денови“, предупреди тој.

Портпаролот на Народната милиција посочува дека околу зградата биле регистрирани голем број возила со вооружени лица, опрема за артилериско извидување, „набљудување и одредување цели, како и радио станици“.

„Фактот што Киев ја користи училишната зграда во селото за распоредување на штабот на борбената единица и контролниот пункт за украинската артилерија е најгрубо прекршување на договорот за прекин на огнот и флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право“, заклучи Филипоненко.

Претходно, офицерот на прес-службата на Народната милиција на Народноослободителната армија, Александар Мазејкин изјави дека во Донбас пристигнале украински диверзанти со цел да организираат провокации.

Во Доњецк тие тогаш предупредија дека украинските безбедносни сили распоредиле хаубица и борбено пешадиско возило во станбените области на Донбас.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека не ја исклучува можноста украинските власти да подготвуваат нова воена операција во Донбас.

Во април 2014 година, украинските власти започнаа воена операција против Народните републики Доњецк и Луганск, кои прогласија независност по државниот удар во Украина во февруари 2014 година.

Киев не ги признава ДНР и ЛНР и ги смета териториите на овие две републики за окупирани, а бунтовничките сили за терористички.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!