Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Хрватска 21 степен! Рекордни температури на првиот ден од Новата година

На првиот ден од Новата година во Далмација се измерени рекордно високи температури за овој период од годината, објавија хрватските медиуми.

Како што соопшти Државниот хидрометеоролошки завод, според првичните анализи, првиот ден од новата година донесе нови апсолутни рекорди на највисока температура од мерењата на повеќе станици.

Во Книн измерени се 21,1 Целзиусови степени, во Сињ 20,9, а во Метковиќ 20,2 степени.

Претходните рекорди беа изедначени во Имотски (19 степени) и Плоче (18,6 степени), соопшти ДХМЗ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!