Вие имате прво да ја знаете вистината

Вучиќ ја почна година пиејќи баварско пиво во Белград на вода, а потоа се оправдуваше на инстаграм (фото)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, првиот ден од 2022 година го помина во друштво на премиерката Ана Брнабиќ, а двајцата се опуштија со пиво во кафуле во Белград на вода.

Александар Вучиќ имаше потреба да се оправда дека пие пиво, па во описот на фотографијата објавена на Инстаграм го напиша следново: Прекрасен ден во Белград на вода, а еднаш годишно, е веројатно дозволено место лимонада или чај, во нови победи да се тргне со баварско пиво. Јас и Ана им посакуваме среќна Нова година на сите граѓани на Србија, здравје, радост и успех!

Голем број граѓани на Србија им ја честитаа Новата година на претседателот и премиерот и му се заблагодарија за новогодишниот огномет.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!