Вие имате прво да ја знаете вистината

Густа магла и огромно загадување: Откажани речиси сите летово од аеродромот во Сараево

Речиси сите летови од меѓународниот аеродром во Сараево денеска беа откажани поради густата магла која ги спречува авионите да полетуваат и слетуваат.

Ова е објавено на официјалната веб-страница на меѓународниот аеродром во Сараево.

Надзорните камери покажуваат дека на терминалите има огромни гужви поради големиот број патници кои денеска планираа да го напуштат главниот град на БиХ, пренесува Klix.ba.

Порталот наведува дека прекумерното и опасно загадување на воздухот во кантонот Сараево им прави големи проблеми на вработените на аеродромот, на патниците, но и на контролорите на летање.

Сараевскиот портал додава дека постојат сите шанси патниците кои вечерва не можеле да полетаат од аеродромот на главниот град на БиХ, да чекаат нов ден и барем малку поголема видливост.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!