Вие имате прво да ја знаете вистината

Ладен туш за Турците, на првиот ден од Новата година Ердоган им сервираше големи поскапувања, врие на социјалните мрежи

Во саботата, на првиот ден од 2022 година, Турците беа шокирани од поскапувањето на струјата и бензинот, па на социјалните мрежи изразуваат незадоволство.

Нешто пред полноќ беа објавени вести за повисоки цени на енергијата и бензините, патарините и осигурувањето на автомобилите.

Струјата за домаќинствата во 2022 година поскапела за 50 отсто, а за индустријата за дури 125 отсто, објави Агенцијата за регулирање на енергетскиот пазар, објаснувајќи дека цените на енергенсите на светскиот пазар поскапеле.

Цената на природниот гас скокна за 25 отсто за домаќинствата и 50 отсто за индустријата, соопшти националниот дистрибутер БОТАС.

Куповната моќ на турските потрошувачи се намалува поради инфлацијата која порасна за повеќе од 21 отсто и падот на вредноста на турската лира по серијата намалувања на каматите.

Во Истанбул, малопродажните цени се зголемија за речиси 35 отсто во декември во однос на претходната година, што е најмногу во последните години, објави Стопанската комора на Истанбул.

Новите поскапувања дополнително ќе ја зголемат инфлацијата. Турската лира ослабе за речиси 45 отсто во однос на американскиот долар за една година.

Цената беше критикувана од опозицијата: „ Ердоган ги принудувате луѓето да голтаат огромни зголемувања на цените на почетокот на новата година“, коментираше на Твитер лидерот на главната опозициска ЦХП (Републиканска народна партија) Кемал Киличдароглу .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!