Вие имате прво да ја знаете вистината

Нова секс афера во семејството Икарди: Мауро мораше да го отпушти телохранителот на Ванда Нара

По бурната есен во која беа на чекор до развод, Ванда Нара и Мауро Икарди влегоа во период на мирен заеднички живот.

Сепак, според аргентинските медиуми, тоа не траело долго.

Токму кога изгледаше како да исчезнаа сапуниците за нивниот љубовен живот надвор од бракот, се појави нов проблем. Овој пат во центарот на вниманието беше Агустин Лонгеира, телохранителот на Ванда Нара.

Лонгеира е поранешен полицаец ангажиран од Ванда да се грижи за нејзината безбедност. Сепак, по еден настан каде Ванда го отвори својот бутик за долна облека, медиумите почнаа да пишуваат за романса. Гласините за аферата ги поттикна фотографијата на која се гледа како 32-годишен полицаец ја држи за рака својота шефица.

Сепак, брзо ја изгубил работата. Не беше тоа гестот што го чинеше работа, туку долгиот јазик. Агустин разговараше со своите следбеници на социјалните мрежи, а на прашањето како е да се работи со Ванда Нара, тој зборуваше во суперлативи, што очигледно предизвика љубомора кај Мауро.

Телохранителот дал некои одговори кои Мауро очигледно ги сметал за претерани. На прашањето дали му се допаѓа Ванда, тој одговорил-ја сакам, а на прашањето дали е таа фантастична, тој рече дека Ванда е фантастичн“. Едно од прашањата беше-што чувствува за Ванда, а тој одговори „многу љубов“.

Сепак, капката што ја прели чашата беше кога телохранителот беше прашан дали би започнал врска со мажена жена, што беше јасна алузија на Ванда Нара. Тој без двоумење одговори: Да!

Мауро Икарди немаше друг избор освен да му се заблагодари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!